Информации за испорака

1. Општи информации

1.1 Ецотип ДООЕЛ врши испорака на сите производи купени преку веб-продавницата www.ecotipshop.com на целата територија на Република Северна Македонија, преку овластена курирска служба.

1.2 За сите нарачки во вредност до 1.000 денари, трошокот за испорака изнесува 199 денари. За сите нарачки над 1.000 денари, испораката е БЕСПЛАТНА.

1.3 Вкупниот трошок за испорака е јасно прикажан и пресметан пред финализирање на нарачката.

2. Рок на испорака

2.1 Вообичаениот рок за испорака е од 48 до 96 часа (2 до 4 работни дена), во зависност од населеното место и достапноста на производите.

2.2 Нарачките направени во работен ден до 12:00 часот се обработуваат следниот работен ден.

2.3 Нарачките направени за време на викенди или државни празници се обработуваат на првиот нареден работен ден.

2.4 Наведените рокови се од информативен карактер и може да бидат продолжени поради вонредни околности или задоцнувања врз кои Ецотип ДООЕЛ нема директно влијание (лоши временски услови, зголемен обем за време на празници и сл.).

3. Испорака за време на неработни денови

3.1 Курирската служба не врши испорака во сабота, недела и за време на државни празници.

3.2 Сите барања и нарачки примени за време на неработни денови се процесираат на првиот следен работен ден.

4. Достапност на производите

4.1 На веб-продавницата секогаш се прикажуваат навремени информации за достапноста на производите.

4.2 Иако состојбата на залихите редовно се ажурира, во исклучителни случаи можно е одреден производ да не биде достапен во моментот на обработка на нарачката.

4.3 Доколку нарачаниот производ не е на залиха, Ецотип ДООЕЛ веднаш ќе го контактира купувачот телефонски или преку е-пошта. Доколку плаќањето е веќе извршено, уплатените средства ќе бидат целосно рефундирани согласно законите на Република Македонија.

5. Прием и проверка на пратката

5.1 Купувачот е должен при приемот на пратката, во присуство на курирот, визуелно да го провери пакувањето за евентуални надворешни оштетувања.

5.2 Доколку забележите оштетување на пакувањето или самиот производ, ве молиме веднаш да направите записник со курирот и да нѐ контактирате.

5.3 При преземање на пратката, задолжителен е потпис од страна на примачот како потврда за успешна испорака.

6. Неуспешна испорака

6.1 Доколку испораката не може да се реализира поради отсуство на примачот или погрешно наведени податоци (адреса/телефон), курирската служба ќе се обиде повторно да ја достави пратката согласно нивните интерни правила.

6.2 Доколку и по повторените обиди испораката не може да се изврши по вина на купувачот, Ецотип ДООЕЛ го задржува правото да ги наплати трошоците за повторно испраќање на пратката.

7. Контакт

За дополнителни информации во врска со испораката можете да нѐ контактирате:
Ецотип ДООЕЛ
Адреса: Орце Николов 202/3-1, 1000 Скопје
Контакт телефон: +389 (2) 3176 920 / +389 (2) 3176 907
Е-пошта: shop@ecotip.com.mk