За нас

Кога ќе ја изгубите довербата во воздухот...
Кога ќе ја изгубите довербата во водата...
Кога барате најсовремени иновации, одржливи решенија и внимателно избрани технологии што носат поголема сигурност, удобност и благосостојба за оние што ви се најважни...
Тогаш започнува нашата приказна.

Веќе 30 години ЕКОТИП им помага на илјадници семејства, компании и институции да создадат поздрава, побезбедна и поодржлива средина за живот и работа.

ECOTIP Shop е официјалната онлајн продавница на ЕКОТИП - место каде што внимателно ги одбираме најдобрите светски решенија за квалитетна вода, чист воздух, благосостојба, комфор и одржлив начин на живеење.

Во нашата понуда ќе ги најдете производите на внимателно избраните докажани брендови како Blueair, Bluewater, Aquaporin, Retap, Air Aroma, Tersano, Kinetico, Culligan, BWT, Mann+Hummel, Tappwater - брендови кои ги поставуваат глобалните стандарди за квалитет, иновации и одржливост.

Избираме технологии и решенија во кои веруваме и кои и самите ги користиме во нашите домови и канцеларии. Со нашите корисници споделуваме исти вредности – здравје, квалитет и одговорност кон животната средина.

Затоа поддржуваме иновативни решенија што овозможуваат помала изложеност на PFAS, почист воздух според највисоки стандарди и врвно корисничко искуство, истовремено придонесувајќи за помалку пластичен отпад - за поголема сигурност и благосостојба на вашите најмили и зачувување на екосистемот околу нас.

Ве покануваме да станете дел од оваа заедница и заедно да создаваме поздраво, побезбедно и поодржливо секојдневие.